M1
Program TV · Ora României
Acum. Și în continuare.
02:5004:35 ACUM LA TVБлицProgram TV · 105 min
Детективот Том Брант добива задача да го спречи серискиот убиец, којшто убива само полицајци. Блиц е убиец што немилосрдно убива цајкани, а што е најлошо, остава малку докази и не може да му се влезе во трага. Убиецот постојано ќе ги избегнува стапиците на Том, поради што детективот ќе почне да се преисптува самиот себеси.
04:3506:20URMEAZĂПРЕТПАЗЛИВО СО ЉУБОВТАProgram TV · 105 min
Откако ќе ја удри автомобил, една млада жена се враќа дома за да се опорави од повредите, но сфаќа дека нејзините пријатели всушност не сакаат да се грижат за неа. Не знаејќи што да прави, таа се свртува кон сосема неочекувана личност - нејзиното поранешно момче. Но, ситуацијата се влошува кога ќе се појави неговата љубоморна девојка...
06:2008:00URMEAZĂМомчето што го запозна онлајнProgram TV · 100 min
Кога тинејџерката Ками ќе се вљуби во Џејк, кого го запознала преку Интернет, нејзината самохрана мајка сфаќа колку тешко се справува со вљубувањето. Иако Ками верува дека Џејк е 23-годишен студент, сè што тој ѝ кажал за себе е лага….
08:0009:45URMEAZĂЏек Хантер и изгубеното богатство на УгаритProgram TV · 105 min
Џек Хантер (И. Сергеј), авантурист и ловец на богатства, оди во Сирија по убиството на неговиот ментор, професорот Фредрик Шафер (С. Лоулор), кој му беше како татко. Професорот Шафер веруваше дека луѓето од Угарит, сириски град кој постоел во времето на фараоните, го закопале богатството пред да бидат уништени. Џек Хантер е еден од само неколкуте археолози кои можат да читаат угаритски записи, но тој не верува во приказната за закопаното богатство. Пред неговата смрт, Фредерик открива...
09:4511:20URMEAZĂДали да кажам „Да„?Program TV · 95 min
Џесика штотуку ја заврши својата најнова книга за издавачката куќа на нејзиното поранешно момче Мајк и се надева дека ќе премине во ривалска издавачка куќа, но сепак треба да ја промовира книгата преку серија видеа во кои се појавува покрај Мајк. Иако првото видео се покажа како катастрофа, брзо станува хит и ја продолжува серијата видеа кои Џесика сака да ги направи релевантни, а Мајк забавни. Постојано се расправаат, а Мајк набрзо открива дека со таквата изведба само ја оттргнува Џесика...
11:2013:15URMEAZĂАстерикс и Обеликс во БританијаProgram TV · 115 min
Во 50-та година пред нашата ера, Цезар сака да освои нови територии. Решава да го освои оддалечениот остров, наречен Британија. И покрај силните напади на моќната римска армија, едно село успева да остане непокорено. Британската кралица ќе го прати својот советник во Галија, да ги побара Астерикс и Обеликс….
13:1514:45URMEAZĂАпсолутно сеProgram TV · 90 min
Советот на вонземјани одлучил целосно да ги уништи луѓето на Земјата, но пред самиот крај ќе им дадат шанса на Земјаните да ја докажат својата вредност. Случајно избраниот учител, Нил Кларк, добива неверојатна моќ да прави сè што може да замисли со одмавнување на раката, како волшебник. Се разбира, на почетокот започнува со исполнувањето на личните желби, но Нил набрзо сфаќа дека не е се така едноставно. Трикот е да се постават вистинските прашања и да се спаси планетата….
14:4516:25URMEAZĂПОГЛЕДНИ ПОВТОРНОProgram TV · 100 min
Еден човек го посетува неговиот ангел чувар кој му дава специјални очила со кои може да види дали некој е добар или лош. Наскоро наоѓа начин да ја претвори својата новооткриена способност во потфат за заработување пари. Сепак, неговата склоност брзо да ги осудува другите има изненадувачки ефект на неговите пријателства - и на неговиот живот.
16:2518:05URMEAZĂСеништен возач: Духот на одмаздатаProgram TV · 100 min
Николас Кејџ е повторно во улога на Џони Блејз. Во новата визија на режисерите Марк Невелдин и Брајан Тејлор, Џони уште се бори со своето проклетство на ѓаволски ловец на глави, но ризикува да загуби сѐ кога ќе се здружи со еден опат за да спасат едно дете од самиот ѓавол... а можеби и самиот ќе успее да се ослободи од клетвата.
18:0519:50URMEAZĂСам во темнинатаProgram TV · 105 min
Едвард Кемби (Кристијан Слејтер) е детектив што се занимава со истражување на паранормални, необјаснети и надприродни случаи. Едвард ќе ја истражува смртта на својот пријател. Трагата ќе го одведе до островот Сенка, каде ќе се соочи со демони од минатото, кои сакаат да се вратат во живот и да го освојат светот. Ним на пат ќе им застанат Едвард, неговата поранешна девојка Елин и владиниот агент Ричард...
19:5021:25URMEAZĂСам во темнинатаProgram TV · 95 min
Абнер Лунберг (Л.Хенриксен), поранешен ловец на вештерки, е присилен да се врати и да се бори против својот стар непријател, опасната вековна вештерка. Овој пат, Лундберг ги здружува силите со Едвард Камби (Р. Јун), кој се обидува да ѝ влезе во трага на опасната вештерка Елизабет Декстер ( А. Ленг)...
21:2523:00URMEAZĂ7 работи што треба да ги сторам пред да наполнамProgram TV · 95 min
Лори е девојка, којашто наскоро ќе наполни 30 години, разочарана дека во животот не постигнала сѐ што си замислувала. Еден ден го наоѓа списокот на животните цели, напишан одамна, па ќе реши сите да ги исполни...
23:0000:40URMEAZĂБен ХурProgram TV · 100 min
S2026 E1 Младиот еврејски принц ќе тргне по патот на одмаздата откако неговиот стар пријател ќе ги зароби него и неговото семејство… Прекрасна екранизација на славната класика што ќе ве остави без здив.